Голем пад на профитот за Nintendo

t

Јапонскиот производител на видео игри Nintendo објави дека неговиот профит во првата половина од фискалната година, од април до септември, паднал за 60 отсто на годишно ниво поради слабата побарувачка за неговите конзоли Switch, кои се на пазарот веќе осум години.

Компанијата од Кјото, која стои зад франшизата Super Mario, забележа добивка од 108,7 милијарди јени, или 656 милиони евра, во првите шест месеци од фискалната година, додека приходите од продажба се намалија за 34 отсто на годишно ниво на 523 милијарди јени, или 3, 12 милијарди евра.

Во споменатиот период, Nintendo продаде 4,7 милиони од својата конзола Switch, додека продажбата во истиот период минатата година изнесуваше 6,8 милиони, пренесува AP.

Компанијата сега очекува да продаде 12,5 милиони конзоли во фискалната година што завршува во март 2025 година, додека претходно очекуваше продажба од 13,5 милиони.

Nintendo, исто така, наводно очекува значителен пад на приходите и профитот на крајот на тековната фискална година.

Според прогнозите на самата компанија, годишниот приход од продажба ќе падне за 23 отсто на годишно ниво на 7,7 милијарди евра, а профитот за речиси 29 отсто на 1,84 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платформата „12:05“ му возврати на Филипче: Ти…

Венко Филипче со малата група се фракција…

Земјотрес почувствуван во делови од Македонија

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Сиљановска-Давкова на Европскиот самит во Салцбург –…

Во агендата на Сиљановска-Давкова се предвидени средби…

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската…