Објавено на:

Голем пех за Оршиќ: Хрватот потешко го повреди коленото на тренинг на Трабзон

t

Големото засилување на турски Трабзонспор и соиграч на македонскиот репрезентативец Енис Барди, Милсав Оршиќ, доживеал огромен пех откако на тренинг денеска потешко го повредил коленото и првите сомнежи се дека станува збор за кинење на лигаментите.

Трабзон е на подготовки во Словенија, а на тренингот Оршиќ се повредил после дуел со соиграчот Хакан Јесил, па првите проценски се дека станува збор за кинење на лигаментите, но допрва после лекарските прегледи ќе биде утврдено за што точно станува збор.

„Не изгледа добро, но ситуацијата со Оршиќ ќе биде јасна после магнетната резонанца која утре ќе му биде направена. Како и да е, веќе е почнат процесот на лекување“, рекол докторот на Трабзон, Ахмет Бесир.

Оршиќ летово го засили Трабзон со трансферот од Саутемптон.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…