Објавено на:

Голем пожар беснее во близина на Атина: Над 500 пожарникари, авиони и хеликоптери во битка со огнената стихија

t

Силен шумски пожар беснее на планината Китаирон во централна Грција, на околу 50 километри од Атина, каде повеќе од 500 пожарникари, десетици авиони и хеликоптери се обидуваат да ја стават огнената стихија под контрола. Пожарот се шири со помош на силниот ветер, а фронтот во изминатите 24 часа се протегал на околу 100 километри, од Каламаки во Беотија до Порто Жермен во Атика. Огнот се движел кон повеќе населени места, при што најмалку три куќи изгореле.

Најкритична била ситуацијата во селото Веница, чии жители биле евакуирани и префрлени во Мегара. Еден постар брачен пар бил спасен само неколку минути пред пламените јазици да стигнат до нивниот дом.

Во гаснењето се вклучени 39 противпожарни авиони, два хеликоптери и четири канадери, како и пожарникари од Романија и Франција. Според грчкиот јавен сервис ЕРТ, силите се обидуваат да спречат огнот да се прошири кон нови населени места.

Пламените јазици зафатиле и дел од една од најгустите шуми во областа кај Агија Параскеви, но засега ветерот дува во насока спротивна од најблиската населба, што им дава надеж на пожарникарите дека ќе успеат да ја задржат огнената линија.

Грчките власти остануваат во состојба на висока готовност, бидејќи високите температури, сушата и силниот ветер и натаму создаваат исклучително поволни услови за ширење на пожарите низ земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ удри моќна руска хакерска мрежа со…

Бугарија, заедно со САД, Унгарија и Романија,…

Унгарија отвори кривична истрага за кредитот од…

Унгарските власти вчера соопштија дека отворија кривична…

Еболата во Конго досега однесе над 3.000…

Над 3.000 лица починаа во епидемијата на…

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…