Објавено на:

Голем пожар беснее и во Анталија, 200 противпожарни возила се борат со огнените јазици

t

Во близина на одморалиштето Кемер, во турската провинција Анталија, денеска избувна пожар, а пожарникарите се борат со него од земја и од воздух.

На теренот има 10 авиони, 22 хеликоптери и повеќе од 200 противпожарни возила.
„За среќа, пожарот во моментов не е блиску до населените места“, изјави Али Четин, претседател на владејачката партија во Анталија.


Како што информираат од Канцеларијата на гувернерот на Анталија, пожарот брзо се проширил низ шумата поради силниот ветер и малата влажност.
Турскиот министер за туризам Мехмет Нури Ерсој објави дека изгореле речиси 120 хектари шума, јави Танјуг, повикувајќи се на британски медиуми.


Гувернерот на Анталија, Ерсин Јазиџи изјави дека локалните власти ги презеле сите неопходни мерки за да спречат ширење на пожарот во станбени области.
Државната болница во Кемер е евакуирана од превентивни причини, а шест лица се хоспитализирани поради вдишување чад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…