Голем пожар во прилепско – изгореа механизација, летна кујна, штала, гаражи…

t

Голем пожар вчера попладне ја зафати имотната површина на семејство во прилепското село Канатларци, при што целосно изгореа помошни простории и вредна земјоделска механизација. Според полицијата, материјалната штета е проценета на околу 5 милиони денари.

Пожарот избувнал на 29 август околу 13:20 часот во дворниот простор на куќата на С.К. (44) од Канатларци. За неполни два часа пламенот проголтал летна кујна, штала и гаражи, а во нив и огромна количина земјоделски добра.

Од огнот биле уништени помошните објекти, 500 до 600 балиња тутун, два моторцикли („Хамачи“ и „Шинерај“), повеќе апарати за домаќинство, мебел и разни кујнски предмети. Освен тоа, во пепел завршиле и мотор „Титаник“, електрична машина за нижење тутун „Тобако“, тракторска опрема, како и патничко возило „Цитроен Берлинго“.

Трагедијата е уште поголема со оглед дека изгореле и дополнителни 300-400 бали тутун, околу 2.000 метри најлон за садење бостан и цел систем за наводнување од 4.000 метри. Огнот не поштедил ниту три трактора – еден „Џондир“ и два „Тафе“, од кои едниот е целосно изгорен, а другиот делумно оштетен.

Противпожарните екипи успеале да го изгаснат пожарот околу 15:35 часот, но зад нив останал вистински пустош. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека увид на местото извршиле вешто лице и екипа на ОКТУПА, а причините за избувнувањето на огнената стихија дополнително ќе се утврдуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…