Голем пожар кај вештачкото езеро Мантово, активиран хеликоптер на МВР
Гори сува трева, грмушки но и квалитетна шума кон штипското село Пиперово. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека огнените јазици имаат зафатено од 15 до 20 хектари сува трева, грмушки и нискостебелсти растенија.
Поради непристапниот терен во квалитетната шума активиран е хеликоптер на МВР кој вода полни од вештачкото езеро Мантово.
Ангелов посочува дека пожарот е меѓу езерото Мантово и месностото викано 20 километри во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш.
Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев информира дека пожарот е пријавен околу 14 часот, а во неговото гаснење се вклучени пожарникари од Штип, Радовиш и од Доброволното Противпожарно друштво од Општина Конче.
Досега на територија на Општина Штип на отворено имаме интервенирано на околу 68 шумски пожари, стрништа, ниско стеблеста шума. Ова е првпат оваа година да се вклучи хеликоптер во гаснење на пожарите во штипско-карбинскиот регион, бидејќи досега успевавме сами да се справуваме и да ги гаснеме пожарите, вели Коцев.
Портпаролот на ЦУК, Илија Бојаровски информира дека на терен почнало да дува ветер, но какошто вели хеликоптерот навреме пресече за да не се шират огнените јазици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…