Голем пожар на албански остров: Под закана воена база и голема количина експлозив!
Голем пожар на албанскиот остров Сазан, воена база во опасност.
Албанскиот остров Сазан е зафатен од голем пожар кој се заканува да проголта стотици хектари шума, пренесува Албени пост.
Постои опасност пожарот да стигне и до поранешната воена база каде се наоѓаат експлозивните направи.
Според соопштението на Министерството за одбрана, пожарникарите продолжуваат да работат на гаснење на пожарот.
Во моментов голем број припадници на морнарицата, армијата и пожарникарите го гаснат пожарот.
Пожарот попладне малку стивнал, но пламените јазици повторно се разгореле со оглед на положбата на теренот и високите температури, пишува албанскиот портал.
Густата вегетација ја отежна интервенцијата на спасувачите.
Во текот на минатото лето во Албанија беа забележани голем број пожари, некои беа подметнати, но нема загинати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…