Голем пожар од Србија се ближи кон Македонија: Густ чад ги обви Липково и Куманово
Голем пожар што беснее на српска територија се приближува кон македонската граница, а густиот чад веќе е забележан над Липково, Арачиново и Куманово. Според информациите што ги објави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, огнената стихија се движи од правец на српското село Трнава кон селото Стража во Општина Липково, над граничниот премин Табановце.
– Се работи за многу лош пожар со огромен интензитет – предупредува Михаилов, кој апелира пожарот да биде ставен под контрола пред да се приближи до македонска територија. Густиот чад, според неговите информации, веќе ја обвил речиси целата Општина Липково, делови од Општина Арачиново, а се чувствува и во Куманово.
Ситуацијата доаѓа во период кога и Македонија се соочува со голем број активни пожари. Само во изминатото деноноќие биле регистрирани 31 пожар на отворен простор, од кои осум останале активни. Пожари во последните денови има и во липковскиот регион, што дополнително ја зголемува загриженоста во северниот дел од земјата.
Во Србија, во меѓувреме, се регистрирани сериозни шумски пожари, а снимки од пожарот во Делиблатската Пешчара покажуваат големи количини чад над погоденото подрачје.
Засега нема потврда дека пожарот ја преминал границата и се проширил на македонска територија. Засилениот чад над североисточниот дел од земјата, сепак, е дополнително предупредување дека опасноста од пожари останува висока.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…
Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…
На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…
73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…
73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…
Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…
Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…