Голем протест во четврток во Скопје: Системот заборава – но, ние не забораваме! Со почеток во 18:00 часот пред Влада ќе се маршира низ скопските улици
ПРОТЕСТ – четврток, 18:00 часот.
Системот заборава – но, ние не забораваме. Ние ја паметиме секоја колективна траума што политичарите ја користат за поделби. Секоја лага што ја шират за да нè исплашат, секоја неправда со која сакаат да нè замолчат.
Тоа што нѐ напаѓаат, значи дека нѐ слушаат и ни потврдуваат дека ја зборуваме вистината, а вистината ги вознемирува само оние што профитираат од нашето секојдневно страдање.
Два месеци бараме промени, но ништо не се менува! По четири протести, несреќите се зголемија. По три форуми, неправдата порасна. По одржаното Народно Собрание, пратениците станаа уште потивки.
Во изминатите два месеци, ние покажавме дека сме гласот на сите што беа понижени, игнорирани и обесправени во овие 35 години.
Затоа, ако си работник што гине на работно место без основни работни услови, мајка што не спие додека детето не се врати дома, младо лице што заминува затоа што нема за што да остане, студент што плаќа за „бесплатно“ образование, доктор што работи со скршена опрема, учител кој е оставен сам на себе, пензионер што одвај преживува, ако си граѓанин на кој системот му го одземал достоинството – ова е твојот повик.
Системот што требаше да нè заштити, нѐ остава да умираме. Пратениците кои треба да нѐ претставуваат, нѐ оставија да се претставуваме сами, судиите кои треба да донесат правда, ја одложуваат додека таа не стане бесмислена.
Време е да се разбудиме. Време е да го промениме системот.
Ова не е марш на ,,Кој е следен?”. Ова е повик за здружување, против заедничкиот непријател, системот кој сака да заборавиме.
Но, ние не забораваме. Ние паметиме. И затоа, не заминуваме. Не се повлекуваме.
Излегуваме на улица. Повторно. Погласно. Појасно.
СИСТЕМОТ Е СЛЕДЕН!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкохол нема да се продава по 21…
Во Сплит стапи на сила нова одлука…
Загреб стана првиот европски град каде што…
Загреб стана првиот град во Европа каде…
Три авиони го гаснат пожарот во Студеничани
Три авиони се вклучени во гаснењето на…
Двојна победа за Охрид против Војводина
Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората…
Мицкоски: Доколку ги споредиме месечните растови на…
Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во Дневникот…