Објавено на:

Голем руски напад на Киев, Украинците велат соборени се сите ракети

t

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужњи изјави дека украинските сили ги собориле сите 18 проектили од различен тип што Русија ги лансираше во концентриран напад врз Украина во текот на ноќта.

Русија лансираше шест балистички ракети „Кинжал“ од авион, девет крстаречки ракети „Калибер“ од бродови во Црното Море и три ракети „Искандер“ од копно, објави Залужњи на Телеграм.

Воздухопловните сили на Украина објавија дека биле соборени и шест беспилотни летала Шахед од иранско производство и три извидувачки беспилотни летала.

Воздушниот напад на руските сили врз Киев во текот на ноќта, осми во мај, беше сложен, со беспилотни летала, крстаречки и можеби балистички ракети лансирани од различни правци, соопштија градските власти.

„Нападот беше исклучителен по својата густина, максималниот број на проектили за напад во најкраток временски период“, рече Сергеј Попко, шеф на градската воена управа на Киев во коментарите објавени на апликацијата за пораки Телеграм.

„Според прелиминарните информации, огромното мнозинство на непријателски цели во воздушниот простор на Киев се откриени и уништени“, тврди Попко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

(Видео) Русија го остави Киев без струја,…

Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…