Објавено на:

Голем руски ракетен напад врз Украина, има загинати!

t

Рано утровои во цела Украина беа издадени предупредувања за воздушен напад, а во неколку градови во далечните региони, вклучително и во Киев, извршени се и ракетни напади во кои досега загинале најмалку пет лица, меѓу кои и едно тригодишно дете.

Како што јави Би-Би-Си, во Дњепар загинале жена и тригодишно дете.

Фотографии објавени на социјалните мрежи од градот Уман покажуваат тешко оштетена деветкатна зграда откако била погодена. Шефот на воената управа во областа Ихор Табуретс информира дека во тој напад загинале три лица, а осум се повредени.

Новинската агенција Интерфакс Украина, повикувајќи се на локални извори, јави дека по полноќ биле пријавени експлозии и во Кременчук и Полтава во централна Украина, во Миколаев на југ, како и во Киев и во регионот околу главниот град.

Во Киев, системот за противвоздушна одбрана собори 11 проектили и два беспилотни летала, соопштија локалните власти.

Шефот на воената администрација на Киев изјави дека ова е прв руски ракетен напад врз главниот град во последните 51 ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…