Голем синдикален штрајк, околу половина милион Британци излегоа на улиците

t

Околу половина милион британски учители, државни службеници, машиновозачи денеска излегоа на улиците на градовите ширум Велика Британија во знак на протест поради ниските плати, во најголемиот координиран штрајк во таа земја во изминатата деценија.

Синдикатите се закануваат со уште поголем застој на државата, доколку владата не одговори позитивно на нивните барања во однос на платите.

Поради масовните протести затворени се училиштата низ целата земја, железничките линии се запрени, а војската е во состојба на подготвеност да помогне на границите, во денот наречен „Излези надвор во среда“.

Според податоците на синдикатот, околу 300.000 наставници биле меѓу 500.000 демонстранти, што е најголем број на штрајк од 2011 година, кога државните службеници масовно излегоа на улиците.

Премиерот Риши Сунак го осуди штрајкот, бидејќи милиони деца не можеа да одат на училиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска за истрагата на УГД Штип: Секогаш…

Секогаш ќе има поединци што ќе го…

(Видео) Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен…

Македонија се позиционира како значаен енергетски и…

Министерот Тошковски за случајот со Михаилова: Истрагата…

Три недели по откако Ива Михаилова замина…

„Канал 14“: Во Израел очекуваат Трамп да…

Во Израел проценуваат дека американскиот претседател Доналд…