Голем успех на Македонија во Москва: Бронзен медал за Даниел Христов на најтешката хемиска олимпијада

t

Ученикот од штипската гимназија „Славчо Стојменски“, Даниел Христов, се закити со бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, која се одржа во Москва, Русија. Овој успех доаѓа во конкуренција на најталентираните млади научници од целиот свет, потврдувајќи го високиот капацитет на македонските ученици на меѓународната сцена.

Од неговото матично училиште не ја кријат гордоста за постигнатиот резултат на овој исклучително тежок натпревар.

„Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медал. Овој успех е резултат на огромен труд, посветеност и искрена љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата гимназија и покажа дека знаењето навистина вреди“, велат од СОУ „Славчо Стојменски“-Штип.

Менделеевата олимпијада се смета за една од најстарите и најпредизвикувачките научни манифестации во областа на хемијата. Успехот на Даниел е уште една потврда за неговиот потенцијал, а неговите професори му посакуваат ова да биде само почеток на една сјајна научна кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…

Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…

ЕУ од утре со нови правила за…

Во Европската унија од утре се менуваат…

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…

Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…

Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…

Американка две години лажела дека е болна…

Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…