Гонзато: Ако Македонија ги исполни условите, ќе започне преговори
„Процесот на европска интеграција се заснова на заслуги. Албанија дојде до точка каде што земјите-членки се задоволни од напредокот на земјата. Ако и Северна Македонија ги исполни условите, ќе започне преговори“, изјавил денеска шефот на делегацијата на ЕУ во Албанија, Силвио Гонзато.
„Тирана станува регионален главен град. Според мене, го зазема местото на Белград. Што да кажеме за албанскиот премиер Еди Рама – тој секако е човек со визија“, рекол Гонзато.
„За разлика од другите земји во регионот, Албанија нема план Б на Европската унија. Желбата за евроинтеграции е на сите партии“, потенцирал евроамбасадорот.
Гонзато одговорил дека проектот Коридор 8 е врвен приоритет на ЕУ во регионот.
„Од инфраструктурата (од бугарското Црно Море до албанското пристаниште Драч) има голема придобивка и за економијата и за безбедноста, како дел од стратегијата на НАТО“, додал тој.
Дипломатот информирал голем напредок во албанската државна администрација и соработката со Брисел и повикал на продолжување на борбата против корупцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Австралија не разговара со ЕУ за придружно…
Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…