„Горат социјалните мрежи“ – Ништо не важи без „Северна“, само парите и кредитите!

t

Социјалните мрежи од вчера „вријат“ на тема лични документи без новото име на државата „Северна“.

Голем број граѓани го искажаа својот гнев, револт, вознемиреност, но и збунетост од насоките на надлежните со кои им се отежнува секојдневното функционирање.

– Оливер Спасовски да се јавува во следните денови во полициските станици во Скопје и заедно со тимот од МВР со кој не доведоа во овој хаос да ни ги носат личните карти и возачките дозволи до дома. Тоа е во прва фаза. Втора фаза да одговара кривично, порача Сабина Факиќ.

-Државата ќе те казни ако немаш северна на возачка ама ќе нема проблем да ти ги земе парите на кои стои само Република Македонија, напиша инфлуенсерот Божидар Божиновски.

– Граѓаните не се боксерска вреќа па може да мавате по нив, како ќе ви текне! Па вакво изживување на сопствените грашани нема никаде! Или ви треба кеш за нови вработувања, па удри со казни по граѓаните. Здружена космичка неспособност- ете тоа е!, порача Жанета Трајкоска.

– Ако немало Северна не важела возачката. Поголем нон сенс НЕМА. Возачката е доказ дека сум положил возачки испит и поседувам валидна документација. И нормално да е со важечки рок односно да не е истечена. Република МАРС нека пишува- важечка е бидејки суштината е дека е доказ дека сум оспособен да управувам со возило од категоријата која ја пишува на возачката. Никаков регрес нема да плаќам нити сметам дека судовите би зазеле таков став. Член 2 став 1 точка 109 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата си е кристално јасен и вели ” „Возачка дозвола“ е јавна исправа што ја издава надлежен орган, со која се докажува правото на управување со одредени категории на возила, вели во објава адвокатот Јанаки Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…