Гордост Македонска: Игор Стефановски-Иџе е европски шампион!
Игор Стефановски-Иџе со победа на трката во Бузет, Хрватска ја задржа предноста која ја имаше во генералниот пласман и по третпат во кариерата стана европски шампион на ридски патеки.
Летечкиот Македонец имаше фантастична сезона во европскиот шампионат на ридски патеки, денеска во Бузет дојде до седмата победа од вкупно десет трки колку што се возеа, на три беше втор. Иџе на убедлив начин ја освои титулата.
За него ова е трета титула европски шампион на ридски патеки. Претходно највисоко на тронот беше во 2014 и 2015 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…