ГОРДОСТ! Ученици од Делчево, Куманово и Свети Николе ѝ донесоа на Македонија куп медали – Најдобар резултат за државата на светската Олимпијада за геонауки досега!

t

Ученици од Делчево, Куманово и Свети Николе го донесоа најдобриот резултат на Македонија на Светската Олимпијада за геонауки досега!

– Како главен ментор на учениците-средношколци, изразувам огромно задоволство за апсолутно најдобриот досега резултат на Македонија на Светската Олимпијада за геонауки IESO (International Earth Science Olympiad). Имено, на овогодинешната IESO2023, учениците кои ги подготвувавме се закитија со две сребра и еден бронзен медал. Ученичката Ева Ивановска од Делчево и ученикот Горјан Андроников од Свети Николе освоија сребрени медали во главната категорија (Data Mining Test-DMT), а во истата категорија, Мелани Максимовска од Куманово освои бронзен медал. Во категоријата Earth System Project, Ева освои златна награда, а Горјан бронзена награда.

Огромна благодарност до учениците за нивниот труд, залагање, пожртвуваност и постигнатиот резултат.

Навистина имаме со што да се гордееме, дечките ми го разубавија денот. – напиша на Фејсбук менторот Ивица Милевски.

За успехот со гордост се пофалија и од делчевската гимназија од каде на Фејсбук напишаа:

Најдобриот резултат досега на Македонија на Светската Олимпијада за геонауки IESO (International Earth Science Olympiad) која се одржа од 20 до 26 август во Мисоре, Индија. Имено, на овогодинешната IESO2023, учениците се закитија со две сребра и еден бронзен медал.

Ученичката Ева Ивановска од СОУ „Методи Митевски Брицо“- Делчево се натпреваруваше во четири категории, а во 3 од нив постигна резултати. Освои сребрен медал во главната категорија (Data Mining Test-DMT), а во категоријата Earth System Project, Ева освои златна награда.

Ученичката Ева Ивановска учествуваше под шифра МК-03

Постигнати резултати

DMT – Data Mining Test

Ева Ивановска – СРЕБРЕН МЕДАЛ

ESP – Earth System Projec( The case for/against terraforming Mars )

Тeam No 25

Ева Ивановска – ЗЛАТЕН МЕДАЛ

Art in Earth Science

Ева Ивановска GOOD in Art & G, VERY GOOD in Photo , VERY GOOD in Poetry

Професори ментори од нашето училишта и од природно- математичкиот факултет во Скопје се:

Анета Николова, Ивица Милевски, Горин Свемир, Христина Димеска.

Учениците беа примени од Деканот и професорите ментори од ПМФ во Скопје, споделија импресии од натпреварувањата како и планови за следни активности.

Честитки до ученичката и до менторите за нивниот труд, залагање, пожртвуваност и постигнатиот резултат.

Навистина имаме со што да се гордееме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!

на граничниот премин Делчево врне снег, а…

Француското разузнавање бара откажување на церемонијата за…

Генералниот директорат за внатрешна безбедност на Франција…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Макрон ќе бара прекин на огнот од…

Од Русија ќе биде побарано да го…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…