Гори во село Палиград близу Зелениково, утре ќе се гаси и од воздух
Моментално се наоѓам на лице место, во село Палиград, каде што пожарот се приближува кон селото. Заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, будно ја следиме состојбата и работиме на локализирање на пожарот, вели директор на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
Во текот на утрешниот ден во утринските часови ќе има и воздушна интервенција за гаснење на пожарот.
„Екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, континуирано следејќи ја состојбата и подготвени да реагираат во секој момент, со цел да го заштитат селото и жителите. Како директор на Центарот за управување со кризи, заедно со екипите на терен, ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе ги преземеме сите потребни мерки“, кажа Али.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…
Египет стави исламско здружение од Македонија на…
Македонско исламско здружение се најде на списокот…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…