Гори на осум места низ Македонија, под контрола два пожари

t

На ден 29/30.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои активни се 8 пожари, под контрола се 2 пожари и изгаснати се 17 пожари.

Активни пожари: 8
Општина Ресен: с. Бела Црква – с. Подмочани (борова шума и ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница – с. Радуша (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Петровец: с. Горно Коњари – с. Дивљан (мешана шума и ниска вегетација);
Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума);
Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и единечни дрва);
Општина Прилеп: с. Алинци (депонија);
Општина Прилеп: кај Касарната во Прилеп (ниска вегетација);
Општина Боговиње: с. Урвич (нискостеблеста вегетација).

Пожари под контрола: 2
Општини Гостивар и Македонски Брод: кај с. Трново (опш. Гостивар), кон селата Битово, Заград и Страјане (опш. Македонски Брод) (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат);
Општина Студеничани: над с. Палиград (мешана шума).

Изгаснати пожари: 17
Општина Битола: кај тунелот на обиколницата (ѓубре и кабли);
Општина Долнени: с. Црнилиште (ниска вегетација);
Општина Прилеп: с. Витолиште, м.в. Рамна нива (ниска вегетација);
Општина Струмица: с. Куклиш (ѓубре и ниска вегетација);
Општина Босилово: с. Бориево (депонија);
Општина Струга: с. Корошишта (стрниште и ниска вегетација);
Општина Градско: с. Виничани, кај турските гробишта (ниска вегетација и дрвја);
Општина Куманово: Агино село (ниска вегетација и стрниште);
Општина Липково: с. Матејче (ниска вегетација);
Општина Бутел: с. Визбегово (отпаден материјал);
Општина Илинден: населба Илинден (ниска вегетација);
Општина Зелениково: с. Орешани (ниска вегетација);
Општина Петровец: с. Коњаре (ниска вегетација);
Општина Гази Баба: с. Трубарево (ниска вегетација);
Општина Дебар: с. Елевци (нискостеблеста вегетација);
Општина Прилеп: над Касарните (дива депонија и ниска вегетација);
Општина Штип: населба Насеље (ниска вегетација).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…