Господин Григориј: Државата и нацијата се премногу важни за да им бидат оставени на политичарите – македонскиот народ е библиски народ!

t

Митрополитот кумановско-осоговски, господин Григориј, во една прилика нагласи дека државата и нацијата се премногу значајни, тие се највиоско добро, за да им бидат препуштени на политичарите.

Господинот Григориј е познат по неговиот став и застанувањето во одбрана на господинот Агатангел кој беше нападнат поради политички говор, кој не бил својствен за МПЦ.

– Државата и нацијата се премногу значајни (summum bonum/највисоко добро) за да им бидат препуштени само на политичарите.

На народот му е потребна духовна благосостојба, но и социјален договор. Духовната благосостојба на народот е во корелација со позитивното право и со владеењето на Владата, којашто (преку парламентот) донесува и спроведува закони што се во согласност со граѓанската (народната) волја. А, законските права (legal rights) треба да го содржат социјалниот договор во форма на класичен (немонархистички и нетоталитарен) поредок на владеење на народот. Природното право за национално самоопределување е ius cogens норма од којашто не дозволува отстапување по пат на договори што ја дисквалификуваат нацијата.

Црквата постои во светот, и има свое одредено устројство (уредување ‒ поредок), коешто мора непроменливо да го чува, заради правилно достигнување на нејзината задача ‒ возглавување на човештвото во Христос. Христоподобноста на народот се достигнува преку духовна невознемиреност, којашто, пак, доаѓа од материјално и морално-правна очистеност. Црковната власт, освен духовната страна на човекот, мора својот делокруг да го простира и на неговите световни односи, како член на видливиот и правилно уреден црковен и морално-правен организам. Оттука, Црквата нужно го распростира својот интерес и во јавниот интерес, набљудувајќи го морално-правниот интерес на народот. Црквата останува во мир со власта, но секогаш применува анти-SLAPP (strategic lawsuit against public participation) метод (против цензурирање), со цел да се заштити слободата на човекот, преку слободата на говорот за морално-правната неправедност спроведувана против народот.

Црквата ја набљудува духовната вознемиреност на човекот, и секогаш кога е вознемирена волјата на човекот (на верникот), од страна на власта, поднесува духовни импликации од злоупотребата на владеењето со него. Затоа, Црквата е должна да биде регулатор на власта, кога таа неправедно ја вознемирува волјата на народот. Но, Црквата (клирот) не смее неосновано да ја навредува власта, а сепак може да ја укорува власта, за злоупотребување на уставниот поредок или за неправичност што е загарантирана со природното право (natural law), што се однесува на верниците и нивната вознемиреност во врска со злоупотребите.

Одродувањето на народот, односно националната обезличеност на човекот (следната фаза на политички поредок во светот ‒ Интернационализам), создава генетски модифицирани интернационалисти, без национална припадност. Треба ли анационалноста, експериментално да започне со Македонскиот народ?

Македонија е библиска земја, Македонскиот народ е библиски народ, со посебен идентитет, право на самоопределување и право на своја суверена, независна и самостојна држава Македонија!, рече тогаш Митрополит Григориј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митрополит пловдивски Николај: Македонската црква треба да…

Според древното канонско правило, Македонската православа црква…