Гостивар доби удар и од Воска, Вардар и Пелистер тријат раце!
Воска и Гостивар одиграа еден цврст меч, потоа се понудија и повеќе шанси пред двата гола, но не се искористија. Воска останува лидер со 47 бода, пред Вардар со 46 бода, а следи Гостивар со 45 бода. Гостиварчани го одиграа второто реми во низа, по она со Пелистер. А, битолчани следат на табелата со 43 бода затоа што си ја решија задачата.
Пелистер дома покажа моќ и го надигра ГФК Охрид (3-0). Така, битолчани се доближија до лидерските тимови Вардар, Гостивар и Воска Спорт. Резултатот го отвори Томе Китановски со глава во 29. минута по корнерот на Љамчевски, а другите два гола паднаа во вториот дел – првиот беше автогол на Кадриоски по центаршут на Фазлиу, а потоа Спиркоски ги постави конечните 3-0 во 53. минута.
Беласица го одбрани домашниот терен и на „Младост“ ја победи Саса (2-0). Стрелци на головите беа Даниел Радојчиќ и Јордан Серафимовски во второто полувреме. Три бода освои и Кожуф против фенерџијата Борец (1-0) со голот на Бојан Иванов. Детонит Плачковица победи кај Арсими (0-1), човек на одлука беше Сердар Адемов.
Колото во ВМФЛ ќе го комплетираат Вардар и Караорман, односно Тетекс и Локомотива Пехчево чии натпревари се закажани утре (недела) од 14:00 часот.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
(Видео) Сопственик на златара се обидел да…
Четири милиони денари вреден златен накит, што…
Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го…
Советот на јавните обвинители на Република Северна…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Директорот на „Рајанер“ ја нарече Урсула фон…
Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ја…