Готови се резултатите од водата во Гостивар
Резултатите од вонредните испитувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за квалитетот на водата во Гостивар се веќе готови, при што се утврдени одредени отстапувања од нормалните параметри, објави „Слободен печат“. Ваквиот епилог кореспондира со актуелната состојба во градот, каде стотици граѓани деновиве побараа лекарска помош поради симптоми на стомачни тегоби, дијареја и повраќање.
Сепак, точните детали и природата на отстапувањата во мострите засега не се јавно објавени. Како што дознава медиумот, Јавното обвинителство инсистирало анализите прво да бидат доставени до нив, по што ќе следи дополнително вештачење кое треба правно да докаже дали спорната вода воопшто стигнала до крајните корисници и до чешмите на граѓаните.
Извори на „Слободен печат“ посочуваат дека земените мостри биле анализирани според строгите стандарди кои важат за „вода за пиење“, кои налагаат далеку поригорозни безбедносни критериуми во споредба со тестирањата на другите типови вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…