Готово е: Европскиот првак Гундоган доаѓа во Барселона!
Европскиот првак со Манчестер сити, Илкај Гундоган, репрезентативец на Германија е нов фудбалер на Барселона, нешто што уште пред финалето во Истанбул беше најавено, но денеска е официјално сѐ потпишано и останува само формалната промоција.
„Гуруто за трансфери“ Фабрицио Романо предмалку објави дека Гундоган и формално ја прифатил понудата од Каталонците, пристигнато е и одобрувањето за регистрација и договорот е веќе потпишан.
Гундоган со Барселона потпишува двегодишен договор до јуни 2025 година со опција за продолжување за уште една година.
Германскиот репрезентативец од поодамна беше желба за засилување на средниот ред на Барса, особено откако легендата Серхио Бускец по 15 години си замина од клубот.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…