Гочев призна вина за злоупотреба на европските фондови, Димова не се чувствува виновна

t

Второобвинетиот Александар Гочев кој се товари за кривично дело „измама“ во случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница денеска во Основниот кривичен суд призна вина.

Гочев кој на почетокот побара судењето да биде одложено поради отсуство на неговата одбрана рече дека вината не ја негирал и пред да почне судењето.

Судијката која го води процесот Фанка Јанчулева Михаиловска, одлучи кривичната постапка за Гочев да биде одвоена со цел второобвинетиот да може да ја даде изјавата во присуство на бранител.

Рочиштето за Гочев ќе се одржи на 21 февруари.

Првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која се товари за “злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“, рекоа дека не се чувствуваат виновно со што судењето против нив продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…