Гошев: Во Македонија нема владеење на правото, правдата може да се купи

t

Поранешниот гувернер на Народната банка и политичар Петар Гошев смета дека во земјава нема да владеење на правото.

-Тоа е далеку од што треба да биде. Имаме селективно судство, корумпирано, на сите нивоа и не се раздава правдата и правото како што треба. Не се подобри состојбата после времето на Груевски, има одделни случаи и некои од нив се манифестација „еве ние правиме нешто“. Крупни предмети не видоа разрешница. Во Македонија може да ја купите правдата, ќе одговарате ако немате со што да платите. Ќе одговарате за ситни деликти, но не одговарате за стотици милиони проневерени пари. Ние можеме да бидеме дефинирано како клептоманско општество, изјави Гошев во емисијата „Студио 10“.

Тој појаснува дека има поединци кои се истакнуваат, но генерално од 1990-та година наваму, критериумите за избор се се надолу.

-Всушност ние немаме критиериум. Кој што може и кој што треба да прави, оценува Гошев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има…

(Фото+Видео) Се бараше во јама до 70…

Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски,…

(Видео) Петар кој ја насмеа Македонија стана…

Петар е детето кое ја насмеа македонската…