Го гледаме ли крајот на пандемијата? Епидемиолошката состојба се подобрува

t

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава продолжува да опаѓа. Активни случаи, од 7.595 на 6.318 во претходното деноноќие.

Според последниот ковид-билтен на Министерството за здравство, од вкупно 234 нови позитивни случаи на ковид-19 од направени 1.318 тестови во изминатото деноноќие, регистрирана е 31 реинфекција, има 12 починати лица и 1.491 оздравени пациенти. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин”, дополнително се пријавени пет починати лица во период од 14 до 18 февруари 2022. Кај сите 17 починати лица се регистрирани коморбидитети.
Серолошкиот скрининг на граѓани, кој се прави по случаен избори за испитување антитела е се уште во тек. Заклучно со вчерашниот ден, се собрани 800 примероци од жители на Скопје и 200 примероци од жители на Битола. До крајот на неделава се очекуваат првични податоци за серопреваленца во Скопје, а од следната недела и за другите градови од државата, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Здравствените власти, викендот излегоа со оценка дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. За евентуално олабавување на мерките за заштита ќе се чекаат резултатите од серолошкиот скрининг.

Во врска со скринингот на учениците за ковид-19, од Министерството посочуваат дека тој вчера се спроведувал во основните училишта во Бутел, Кисела Вода и Чаир, а согласно планот, ќе продолжи и денеска. По обработка на податоците, јавноста навремено ќе биде информирана за наодите, како и за останатите аспекти од текот на скринингот, потенцираат од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.871.411 тестирања на ковид-19, вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 293.559, бројот на оздравени пациенти е 278.326, а на починати е 8.915.

Во меѓувреме, Словенија од вчера ги укина речиси сите антиковид мерки, освен носењето маски во затворени простории. Доказ за прележан ковид, вакцинација или негативен тест ќе се бара само во здравствени установи, старечки домови и затвори.

Според владината одлука од сабота, нема повеќе ограничувања за бројот на луѓе во трговските центри, угостителските објекти и какви било настани. Укинати се и ограничувањата на работното време во угостителските објекти, а ноќните клубови може повторно да се отворат. Се препорачува носење маски на отворено кога растојанието од 1,5 метри не може да се исполни. Ковид пропусници и негативниот тест остануваат задолжителни за персоналот во здравствените и здравствените установи, затворите и воспитно-поправните установи за малолетници помлади од 15 години. Учениците и студентите нема да мора да се тестираат во образовните институции, но маските се уште се задолжителни.

Бугарија објави дека влегува во втора и трета фаза од пандемијата, а се очекува земјата за краток период да стигне до првата фаза, што значи дека наскоро цела држава ќе биде во зелената зона. Како што изјави премиерот Кирил Петков, до 20 март ќе може да се укинат сите ограничувања во земјава, а зелениот сертификат ќе остане единствениот актуелен документ што ќе важи во европската регулатива за патување. Од 24 февруари, првиот чекор е секој објект во Бугарија да дозволи влез за лица без зелен сертификат, но за вработените ќе остане условот за зелен сертификат. Во образовните центри и училиштата ќе биде дозволено да учат до 12 деца.

Стабилизирањето на епидемиолошката слика и намалувањето на притисокот врз здравствениот систем на Кипар, носат и олабавување на мерките во оваа островска земја, меѓу кои и укинување на забраната за влез на невакцинирани во одредени простори. Олабавувањето на мерките стапи во сила од вчера, а веќе е дозволено влез во угостителските објекти, ноќните клубови, кината, театрите, на стадионите, на свадбите и крштенките и за невакцинирани лица , но со задолжителен рапид тест.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера потврди дека во следните неколку дена во Англија ќе бидат укинати сите мерки поврзани со пандемијата на ковид-19.

„Сите заразени граѓани од четврток веќе нема да имаат законска обврска да се самоизолираат, иако, сепак, ќе им се советува да останат дома“, изјави Џонсон и додаде дека бесплатната услуга за тестирање на коронавирус ќе престане да биде достапна од 1 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

„ПУШТЕТЕ ГИ НЕКА УМРАТ“ Сериозни обвинувања за…

Патрик Валанс, главниот научен советник на владата…