ГО ПРАВИМЕ ТОА ШТО АМЕРИКА ГО ПРАВИ СО ГОДИНИ: Путин призна дека Русија поставува нуклеарно оружје во Белорусија!
Локацијата во Белорусија ќе биде готова до 1 јули, изјави Путин за телевизијата Русија 24.
Руското тактичко нуклеарно оружје би можело да пристигне во Белорусија уште ова лето, откри денеска рускиот претседател. Москва ја завршува изградбата на специјализиран објект за складирање на такво оружје, во услови на постојани повици од Минск да го распореди на нејзина почва, додаде тој.
Локацијата во Белорусија ќе биде готова до 1 јули, изјави Путин за телевизијата Русија 24.
Путин тврди дека ќе го распореди оружјето без да ги прекрши обврските од Договорот СТАРТ. Според него, причина за таквиот чекор е најавата на Велика Британија за снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум.
Путин рече дека Белорусија долго време се обидува да постави руско нуклеарно оружје на своја територија. Тој додаде дека Москва „го прави она што САД го прават цела деценија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вреди му одговори на Ахмети: Вашите министри…
Писмото на Али Ахмети, во кое тој…
(Видео) Момин Поток пред завршница: Поставен асфалт…
Изградбата на клучката кај Момин Поток е…
Студен бран ја зафаќа Македонија, за викендот…
Утрото ќе биде ведро и студено, а…
„Македонија е и секогаш ќе биде дом…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски имаше средба…
САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…
САД се подготвуваат да објават нови царини…