Го прашале најбогатиот човек на светот што би направил со 100 денари -ова е неговиот одговор

t

Бил Гејтс кој е еден од најбогатите луѓе на планетата, но и еден од водечките светски филантропи, поминал доста време работејќи и помагајќи им на сиромашните во Африка, така што знае како е најпаметно да се живее со само два долари.

Во текст кој го објавил на сопствениот сајт, Гејтс понудил некои „трикови“ со чија помош може да живеете само со два долари дневно. -Тоа е она што јас би го правел – би одгледувал пилиња – порачал Гејтс, а потоа ја објаснил својата одлука.

Пред се, за нив е лесно и евтино да се грижите, објаснува Гејтс, а може да помогнат и за здравјето на децата, затоа што се непроценлив извор на храна.

-Претпоставуваме дека фармер започнува со 5 кокошки. Еден од соседите има петел кој може да помогне да се добијат јајца од кокошките. После три месеци фармерот може да има дури 40 пилиња.

И на крај продажната цена од пет долари по пиле што е типично за Африка, може да доведе до заработка од над 1000 долари годишно – објаснува Гејтс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО…

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека пред евентуалните…

Лукашенко: Се подготвуваме за војна, но правиме…

Се подготвуваме за војна, но правиме сè…

Мицкоски со претседателката на ЕБОР: Разговарано за…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки на…

Голем пад на светските берзи: Нафтата и…

Светските берзи се соочуваат со нов притисок…

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред…