Го прекришија Законот за знамиња, за државна химна и Уставот – вели Мицкоски за протестот за полагање на правосудниот испит на албански

t

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го поддржува правото на протест како демократска вредност, но дека на завчерашниот протест на студентите Албанци, на кој побараа да им се овозможи правосудниот испит да го полагаат на албански јазик се прекршени законите и Уставот.

„Поддржувам протести секогаш, тоа е демократско право и тука немам дилема“, кажа Мицкоски, одговарајчи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во населеното место Волково-Орман, општина Ѓорче Петров.

Сепак, додаде и дека му пречи однесувањето на дел од учесниците на протестот, за кои, кажа дека ги прекршувале законските одредби.

„Мене лично ми пречи што протестантите, кои се правници и се борат за право, го прекршуваат Законот за знамињата, Законот за државната химна, Уставот и така натаму“, рече премиерот.

Посочи дека нема да ги коментира навредите и инцидентите за време на протестот, и, како што рече, насилниот инцидент што се случил.

„Ајде, навредите нема да ги коментирам, тоа е сепак домашно воспитување што во првите седум години од животот се стекнува, нема да го коментирам ни оној инцидент насилен којшто се случи“, вели премиерот.

Мицкоски не сакаше да ги коментира ниту, како што рече, надворешни влијанија во внатрешните политички процеси во земјата.

„Тоа ќе го оставиме како фолклор“, додаде тој.

Најави дека Владата работи на трајно решение за прашањата поврзани со правосудниот испит и други наследени проблеми.

Упати критика кон опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), додавајќи дека партијата имала две децении да ги реши овие прашања.

„Тие имаа можност 20 години да ги решат овие прашања, но не направија ништо“, вели премиерот. .

Одредени поранешни функционери, како што рече, се збогатиле на сметка на политичките позиции и јавните интереси.

„Затоа решија многу лични прашања. Ако ја споредите имотната состојба, ќе видите како од голтари се станува милионери, на грбот на националните пароли и на грбот на луѓето коишто мака мачат како од први до први да го поминат месецот“, кажа Мицкоски.

На новинарско прашање во врска со најавениот митинг за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ што треба да се одржи во Куманово, премиерот вели дека не поддржува надворешно мешање во внатрешните работи на државата.

„Апсолутно не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија, како што тоа беше пред некој ден, но исто така ние како Влада немаме намера, ниту сме пледирале да се мешаме во внатрешните и независни политики на било која држава“, додаде тој.

Во понеделникот во Скопје се одржа протест под слоганот „Обединете се со студентите – сите заедно“ и е втор собир организиран од студентите на кој тие бараат да се овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик.

Студентите на протестот носеа транспаренти на кои беа испишани пораки како „Знаењето нема забранет јазик“; „Не допирајте ја нашата иднина“; „Закон на хартија, дискриминација во практика“, а можеше да се видат и натписи со политички пораки. Студентите, покрај транспарентите со пораки за почитување на Законот за јазиците, во рацете држеа и албански знамиња.

Покрај транспарентите со пораки за почитување на Законот за јазиците, учесниците на протестот во рацете држеа и албански знамиња, а можеше да се забележи и американското знаме.

На протестот се истакнати и повеќе транспаренти со политички пораки.

Како што соопштија дел од медиумуте, дел од учесниците на протестот пристигнале од Приштина.

По завршување на протестот, од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека се уапсени три лица на соборот пред Правда поради нарушување на јавниот ред и мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го прекришија Законот за знамиња, за државна…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го поддржува…

Одлични вести, добивме повеќе од Албанија и…

Европската комисија стави на располагање 49 милиони…

Левица: Новото задолжување е доказ за испразнетата…

Новото задолжување од 260 милиони евра кое…

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…

Албанското МНР со реакција за гласините за…

Министерството за Европа и надворешни работи на…