Го прогласуваме за умрено: Пад од 90% на смртните случаи од Ковид-19 од минатата зима

t

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло опадна од минатата зима, соопшти Светската здравствена организација.

Минатата недела, околу 9.400 смртни случаи поврзани со Ковид-19 беа пријавени ширум светот, соопшти денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Ова е речиси 90 проценти помалку отколку во февруари, кога беше постигнат овогодишниот неделен врв од 75.000.

Иако тоа е позитивен развој, премногу луѓе сè уште умираат, рече Тедрос за време на прес-конференција.

– Речиси 10.000 смртни случаи неделно се 10.000 премногу за болест која може да се спречи и лекува, нагласи тој.

– Ковид-19 сè уште е пандемија, рече епидемиологот на СЗО Марија Ван Керхове.

Претходната недела, ширум светот беа пријавени околу 2,1 милион нови инфекции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Грција ќе се ексхумираат 150 гробови…

Пет години по погребите, распаѓањето на телата…

Истрага во Британија: 23.000 луѓе умреле од…

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон имал лош…

Детектирана е нова варијанта на Ковид-19 во…

Нова варијанта на коронавирусот моментално циркулира во…

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…