Го убиле, го запалиле и го фрлиле во дупка – Двајца браќа осомничени за убиство од користољубие во кривопаланечко Луке

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.
Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор со изговор дека сака од него да купи ракија. Во дворот го удрил со мотика по главата, па двајцата заедно го влечеле и му нанеле уште неколку удари со предмет. Со пребарување по џебовите од жртвата одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле, по што ги пребарале куќата и помошните простории. На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења.
По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово одреди мерка притвор за двајцата осомничени, кои до целосното расчистување на настанот беа обезбедени со мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува судењето за убиствата на Вања и…
Денеска во Кривичен суд треба да продолжи…
Ѝ пукале во глава додека клечела –…
Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…
Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…
67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…
УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…
Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…