Објавено на:

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на српскиот полицаец во Лозница: Јас сум во Германија, ми ги украдоа документите!

t

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во убиство на полицаец во Србија, а на Дукаџини му кажа дека е во Германија и дека му се украдени личните документи.


„Јас сум во германската полиција во Хановер, ги известив дека ми се украдени документите“, рекол Хајризи за порталот, пренесува Косово онлајн.
Вишото јавно обвинителство во Шабац претходно соопшти дека е спроведена истрага во Лозница каде, како што се сомничи, „Х. А. уби еден полицаец и рани друг, како и апсење на возачот на автомобилот од кој се пукаше“.


На возачот на автомобилот од кој се пукало, Х. М. му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа од Основното јавно обвинителство Лозница поради сомнение за сторено кривично дело илегално преминување граница и криумчарење луѓе, соопштија за Танјуг од Вишото јавно обвинителство Шабац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Приведен скопјанец, натепал полицаец по завршување на…

Вчера во Кратово бил уапсен скопјанец, откако…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…

Телото најдено во буре е на српскиот…

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…