Го уценувале со компромитирачки фотографии – дал 18.630 евра да не ги објават
Полициски службеници синоќа во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода З.Д.(33) од село Голема Речица и Ј.А.(60) од село Пирок, Тетовско.
Како што соопшти МВР, по преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023 година, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.
Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., кој таботел како такси возач. Тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему. Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.
З.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, најави МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…