Грабеж во аптека во Скопје – Крадецот е приведен
Од МВР известуваат дека на 22.02.2022 во 21.40 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 21.15 часот во аптека на бул.„Борис Трајковски“, со употреба на сила кон вработената, се обидел да одземе пари од дневниот промет.
Ф.М. бил приведен во полициска станица и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…