Градоначалникот ва Благоевград: Сите македонски граѓани се добредојдени на отварањето на клубот

t

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов во пресрет на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ истакна дека сите македонски граѓани се добредојдени во градот.

-Благоевград традиционално има добри односи со општините во Македонија и го гради ова партнерство во духот на правичност и разбирање. Луѓето од двете страни на границите се исто така во многу добри односи. Благоевград отсекогаш имал дух на гостопримство и е центар на различни култури без да им се спротивставува. Сите македонски граѓани се добредојдени во Благоевград, се додека нашиот град не го претворат во поле на спротивставување, омраза и политичко изразување, вели Стојанов, пренесе „БНТ“.

Клубот е финансиран од Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада. Регистриран е во 2019 година од „Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес кај Благоевград

Земјотрес кај Благоевград. Земјотресот со јачина од…

(Видео) Тешка несреќа во ноќен клуб во…

Четири лица се тешко повредени, а три…

Земјотрес утрово го стресе Благоевград

Земјотрес со јачина од 3,7 степени е…

Бугарија одби да го регистрира македонскиот културен…

Агенцијата за регистрација одби да го регистрира…

Четири лица се приведени за нападот на…

Четири лица се приведени за вандализирањето на…