ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЗАДАР НЕ Ѝ ДОЗВОЛИ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ ДА ОДРЖИ КОНЦЕРТ: Еве што наведе како причина…
Градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ, наводно забранил српската пејачка Александра Пријовиќ да одржи концерт во тој град.
Како што пишува „Индекс.хр“, за нејзиниот концерт во Задар почна да се зборува откако, на крајот на минатата година, наполни пет Арени во Загреб, а концертот во Задар наводно е планиран за мај 2024 година во салата Крешимир Ќосиќ.
Според понатамошните информации, Дукиќ не сакал да и дозволи на Александра да пее во Задар, па концертот не е ниту закажан. Како што рекле изворите на споменатиот медиум, градоначалникот ги одбил организаторите, со оправдување дека „нема слободни термини“ во споменатата сала на Вишњик.
Од друга страна, „Индекс.хр“ наведува дека овие тврдења не се целосно точни, бидејќи од март до мај годинава во салата Крешимир Ќосиќ ќе се одржат три забавни настани – концерти на Јелена Розга, Северина и групата Господарот на танцот „Lord of the Dance“.
Градоначалникот, наводно, се предомислил по новинарско прашање, а одлуката за евентуалното одржување на концертот на Александра Пријовиќ би можела да биде донесена утре во Задар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…
Европската унија треба да биде „подготвена за…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Деко излегува од притвор во сабота
Во сабота, Дејан Јованов Деко, првообвинет за…
12-годишен Македонец кој ги освојува светските сцени:…
Во време кога вниманието на јавноста често…