Градоначалникот на Кавадарци пријавил закани од сограѓанин
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев пријавил закани од страна на сограѓанин, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 14:05 часот во ОВР – Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години – градоначалник на општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и на телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот, појаснија од СВР – Велес.
Оттаму соопштија дека денеска во 4:30 часот во Неготино, полициски службеници ги лишиле од слобода С.А. (45) и С.Д. (35), двајцата од Радовиш. Тие се сомничат дека околу 3:30 часот се обиделе да извршат „тешка кражба“ во куќа во Неготино, а откако биле забележани од сопственикот со патничко возило „бмв“ со радовишки ознаки, го напуштиле местото. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 15 часот во СВР – Велес било пријавено дека во село Возарци, кавадаречко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.М.(53) и М.М.(49) од селото, од една страна и Т.С (21) и 16 – годишно девојче, од друга страна. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…