Градоначалникот на Мариупол: Русите пукаат, цивилите не можат да се евакуираат
Би-би-си јавува дека добиваат извештаи дека не се почитува прекинот на огнот на крајот од евакуацијата на рутата од Мариупол. Сега се огласи и заменик-градоначалникот на тој град, Серхиј Орлов, кој рече дека Русите продолжуваат да го напаѓаат градот.
-Русите продолжуваат да не бомбардираат, користат артилерија. Ова е лудило, рече Орлов.
-Нема прекин на огнот во Мариупол и нема прекин на огнот долж рутата за евакуација. Нашите цивили се подготвени да бегаат, но не можат да избегаат додека продолжува гранатирањето, рече Орлов.
Според претходното соопштение на градскиот совет на Мариупол, пукањето продолжува во регионот Запорожје, каде што требаше да се евакуираат цивили.
Украинските власти преговараат со руската страна за да се потврди прекинот на огнот долж целата рута на евакуација, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…