Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека можело поинаку, да се работи и да се прават проекти за граѓаните

t

Новите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека можело поинаку, дека може да се работи и да се прават проекти за доброто на граѓаните, изјави во „Што не е јасно“ на Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

– ВМРО-ДПМНЕ има кадар и капацитет многу подобро да ја води оваа држава. Еве за само неколку месеци може да се види дека има разлика помеѓу претходните градоначалници и овие од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи има амбициозност, сакаат да направат многу проекти и покрај тоа што општините се заглавени и имаат проблеми. Овие луѓе се борат да направат нов проект да покажат дека се различни, рече Мисајловски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ со нов концепт покажа дека сите политичари дека не се исти, дека има такви кои работат за граѓаните, за да се направи држава подобра за секој еден човек.

– Ние внимателно почнавме со цел концепт и уриваме стереотипи и стигнавме до концепт кој се вика Македонија за сите луѓе. Направивме да се приближиме до сите, отворивме врата за сите, имаше албански партии кои беа со нас на овие избори, заедно да ја градиме државава во секој сегмент. Да направиме еден концепт за да ги задржиме луѓето тука. Се ова што го пласиравме беше размислувано за Македонија да стане подобро место живеење за секој еден човек.

Настапивме со таа иднина, со нови луѓе. Ние се разликуваме од СДСМ и покажуваме дека не се сите исти, нагласи Мисајловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочо Анѓушев ја заокружи милијардата која Мицкоски…

Зборовите "јадете колачиња" во "Ако немате леб,…

Каевски: Неучество во техничка Влада на ВМРО-ДПМНЕ,…

Евентуално неучество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада…

МНОГУ Е БЕЛО ВО „БЕЛАТА ПАЛАТА“! Соработникот…

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од…

Ковачевски ќе биде носител на пратеничка листа…

Премиерот Ковачевски вечерва во интервју за "360"…

ЗНМ: Квалификациите на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ…

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира…