Градоначалничката Арсовска вечерва на увид во излевањето на Вардар: Водата се повлекува, поставени се екипи да ја следат состојбата во текот на ноќта

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данел Арсовска со командирот на ПП бригада Скопје и службите на градот Скопје изврши увид во состојбата со реката Вардар која се излеа во близина на мостот ген. Михајло Апостолски. Арсовска изјави дека состојбата е стабилизирана и дека излеаното речно корито веќе се повлекува.

Како што соопшти Арсовска, повикан е изведувачот при што наложено е на фирмата која изведува градежни активности на тој потег, која има обврска да го одржува коритото каде што гради, да ја следи состојбата на терен и да преземе мерки. З
Исто така, заедно со екипи на градот Скопје е поставено ноќно дежурство, со цел следење на состојбата со речното корито.
Согласно информациите од регионалниот центар за управување со кризи, поради зголемен испуст на вода од хидро електраната Матка во текот на денешниот ден, заради зголемено производство на електрична енергија, зголемен е и водостојот на речното корито на Вардар, заради што е настанато излевањето.
Градот Скопје ќе ја следи состојбата со водостојот на речното корито на Вардар и во наредниот период, со цел навремено интервенирање и избегнување на поголеми несакани штети.
Апелираме до граѓаните да не го користат минор коритото на Вардар на потегот од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување до мостот во изградба, додека нивото на Вардар не се стабилизира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…