Градоначалничката Арсовска се сретна со Здружението на глyви и нaглyви лица на град Скопје

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари средба со претставници од Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје, со кои разговараше за клучните проблеми со кои се соочуваат овие лица и потребата од итни решенија, како од Град Скопје, така и од централната власт.

Реализацијата на проекти за вработување на лица со оштетен слух, ангажирање на повеќе образовни асистенти за глуви деца во образовниот процес, овозможување простор и термини за спортски активности, се дел од барањата кои беа истакнати на оваа средба од Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје.

Градот посветено ќе работи на инклузија на лицата со попречености за остварување на нивните права, како еден од приоритетните проекти во овој четиригодишен мандат на Арсовска во Град Скопје.

– Град Скопје веќе ја започна имплементацијата на дел од проектните активности кои ги вклучуваат овие лица од нашиот град. Најголем дел од нивните барања се дел од програмата на Град Скопје и мои лични заложби, со цел заеднички да направиме Скопје да биде град пристапен и достапен за сите граѓани. Скопје треба да биде град кој гарантира квалитетен живот за сите категории граѓани, вклучувајќи ги и лицата со оштетен слух – вели градоначалничката Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се…

Откажана е средбата на Зеленски, Виткоф и…

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и…

Зеленски и Трамп би можеле да се…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател…

Кремљ се надева на уште една средба…

Кремљ денеска соопшти дека се надева на…

Кремљ: Нема потреба од средба меѓу Трамп…

Моментално „нема потреба“ од средба меѓу американскиот…