Објавено на:

Градоначалничката на Сараево организира и повикува на протестен марш по убиството на Низама Хеќимовиќ

t

Градоначалничката на Сараево Бенјамина Кариќ за утре најави протестен марш по повод бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ во Градачац и ги повика сите  граѓани на Сараево да се приклучат во знак на протест против сите видови насилство, особено против насилството врз жените.

Градот Сараево ќе биде иницијатор и организатор на протестниот марш. Време е институциите да преземат одговорност и да дадат дополнителен кредибилитет и сериозност на ситуацијата која е алармантна. Ве поканувам утре, понеделник на мирна, достоинствен протестен марш во 18 часот“, соопшти Кариќ.

Таа ги повика и сите политичари без разлика на партиската припадност утре да одвојат еден час и да се придружат на маршот.

-Мое Сараево, ова е минимумот што можеме да го направиме. Покрај ова, дозволете ми да упатам апел. Апел до медиумите да ја следат оваа тема, да не дозволат системот  повторно да потфрли, да известуваат, да истражувааат, да не информираат. Бидете посветени, неуморни и професионални во ова, изјави градоначалничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во мигрантски камп кај Сараево

Во мигрантскиот камп Блажуј кај Сараево синоќа…

Уапсен 30-годишен маж кој пукал во нога…

Дваесет и тригодишна девојка е ранета денеска…

Сараево и денеска е најзагаден град во…

Со индекс на квалитет на воздухот од…

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…

Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…