Градот Скопје нема да спроведе незаконски одлуки, тоа што не функционирало 30 години сега ќе функционира

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, укажа дека иницијативата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во врска со спортските објекти и нивно реиздавање преку пренесување на правото на користење на училиштата е незаконска и Градот Скопје нема да спроведе незаконска одлука.

– Одлуката која ја имате предложено е незаконска и ваше е правото доколку одлучите незаконска одлука да гласате, но наша е обврската доколку сепак изгласате нешто спротивно на законот да не го спроведеме.

Земате по повеќе од 500 евра за да дојдете тука на денешниот состанок за кој веќе добивте мислење за секоја една точка од дневниот ред и ви е укажано дека изготвеното е, или не е соодветно. Правниот сектор на Град Скопје нема да ви протне незаконска одлука.

Тоа што сакате да инсинуирате дека треба да има време за извршување на измени на оваа одлука да ве потсетам дека сте мнозинство во овој град, одлуката која ја донесовте беше ваша, секретарот кој требаше да ја спроведе беше ваш до септември месец и морам да напоменам дека откако ќе ви ги образолжат сите сегменти треба детално да размислите што коментирате и зошто сакате да навредите цела една администрација која работи тука.

Тоа што не функционирало 30 години, доколку некој земе да го решава и сметате дека ќе се реши за ден или месец тоа е ваше право но не значи дека сте во право.

Службите работеа и ја финализираа целата документација, повикот е пред објавување. Советот не смее да носи одлуки спротивни на Законот. Ве замолувам не се обидувајте да се бавите со политиканство за теми кои се важни, да сте мислеле на тие дека ќе сте мислеле и пред шест месеци, а не сте мислеле и сега ги злоупотребувате.

Сега се креира систем кој ќе функционира. Вие можете да го пренесете правото на користење, но тоа не им дава право да го реиздаваат просторот, послушајте ги аргументите на правната служба и да кажам дека Градот нема да изврши незаконска одлука, објасни Арсовска која додава дека нема да се дозволи злоупотреба и некој преку договори за минимална цена да издава објекти во сопственост на Градот, а некој да профитира од тој договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…