Објавено на:

Градот Скопје никогаш не бил финансиски поконсолидиран, потврда за тоа е кредитниот рејтинг

t

Секој ден пристигаат средства на сметака на Град Скопје и тоа зависи од сите давачки кои граѓаните и компаниите ги плаќаат, сметката на Градот не е блокирана, устакна уште еднаш во денешното гостување во Топ Тема градоначалничпката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Тоа е политичка хајка од коалицијата СДСМ-ДПМНЕ. Накратко да ви кажам, во подобра кондиција градот досега никогаш не бил. Имаме финансиска консолидација, нема долгувања, се што е побарување се исплаќа редовно од градот и не се генерираат нови долгови како тие од милиони евра што ги правеле претхпдниците па сега од нив има и милиони евра камата.

Можноста за кредитно задолжувањњ од 1,2 милиони евра сега е меѓу 25 и 30 милиони евра, вели градоначалничката.

Таа додаде дека никој не може да предвиди кои судски постапки кога ќе завршат за да за тоа бидат одвоени средства во буџетот на Градот.

-Тоа се судски постапки кои не можете да предвидите кога ќе завршат, има судски постапки од 2012 година кои не се завршени, има од 2020 година кои сега доспеваат, тоа не може да се предвиди.

Се што било несудски побарувања ние сме консолидирале во изминатата година и се исплатени. Проектираниот буџет во делот на камати и судски исплати во текот на носењето на буџетот беше променет од советниците, второ не можете да предвидите кога ќе доспеат побарувања по судски одлуки.

Во овие 18 месеци ние не генерираме спорови, решаваме туѓи проблеми, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…