Градот Скопје повторно пуштен “на најјако”: Офанзива на ЈП Улици и патишта

t

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, заедно со Град Скопје и другите јавни претпријатија, како и во координација со Општина Кисела Вода денес ја завршуваат големата пролетна работна акција.

Во рамките на работната акција која започна на 21.03.2022г. и се спроведуваше на улиците и булеварите во општина Кисела Вода од страна на екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, завршно со денес е реализирано следното:

-На булеварот Борис Трајковски, улиците Јустинијан Први и Киро Фетак санирани се оштетувања на асфалтот, со машинско гребење и асфалтирање во вкупна површина од 345 м2.
-На булеварот Борис Трајковски на тротоарите се санирани оштетените бехатон плочи со прередување и на некои места поставени и нови во површина од 41 м2.
-На улица Јустинијан Први реконструирани и нивелирани шест канализациони шахти.
-На булеварот Борис Трајковски и улица Јустинијан Први обележани вкупно 23 автобуска станица – „BUS“ и исправени се вкупно 20тина оштетени сообраќајни знаци и поставени се осум нови сообраќајни знаци


Со контрола и обиколка на одговорни лица кои ја одржуваат светлосната сигнализација се утврдени недостатоци и истите се обновени на следните крстосници со булеварот Борис Трајковски
-на к-ца булеварот Борис Трајковски со влез во Стаклара извршена е демонтажа на два семафорски оштетени столбови, како и монтажа на нови семафорски столбови со монтирани 2 возачки и 2 пешачки латерни на столбовите
-к-ца со ул.Јабланица монтирано едно ново сенило на црвен возач Ф-210 и брава на семафорски контролер
-к-ца со влез 1 монтирана е една висечка лантерна Ф300 за насока право
-к-ца со влез во Усје монтирани 2 сенила за пешаци
-к-ца со бул.Србија заменето е едно сенило на зелен пешак футурит
-к-ца со ул.Пролет монтирано сенило на додатен возач
-к-ца со влез во бензиска пумпа „Макептрол“ монтирано е едно сенило на црвен возач (футурит ф210), монтирани се 2 држачи на пешачка лантерна, монтирано е едно додатно за десно репариран футурит и заменет е еден модул за зелен пешак
-к-ца со улица Народни Херои монтирано едно сенило и жолт модул на висечка лантерна ф300 и едно сенило на зелен пешак
-к-ца со улица Емил Зола монтирани се сенила за црвено и зелен модул
-к-ца улица Народни Херои со улица Сава Ковачевич монтирани се осум нови звучни сигнали на семафорите за лица со нарушен вид и четири сенила на пешачките латерни.

Во посета на објектите беше и Директорот на ЈП „Улици и патишта“ Скопје, Борис Настов.

Со почетокот на следната недела екипите продолжуваат со активностите во општина Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…