„Градскиот базен во Кавадарци преполн во летните денови“, рече Јанчев со селфи од кај базените

t

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, порача дека Градскиот базен работи со полн капацитет и секојдневно го користат голем број граѓани.

Според него, реализацијата на ваков проект барала многу труд, енергија, посветеност и долгогодишна работа, а најголема потврда за вложениот напор е тоа што граѓаните секојдневно ги користат неговите придобивки.

„Да се реализира еден проект потребни се многу труд, енергија, посветеност и макотрпна работа. Но кога резултатите се видливи, а граѓаните секојдневно ги користат придобивките, тогаш секој вложен напор добива вистинска вредност“, наведува Јанчев.

Тој додава дека градскиот базен е исполнет со посетители од сите генерации и претставува место за рекреација, спорт и разладување во текот на летните денови.

„Градскиот базен работи со полна пареа и секојдневно е место исполнето со насмевки, рекреација и освежување за сите генерации“, порача градоначалникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…