Објавено на:

Град на духови: Повеќе од 100.000 луѓе си заминаа за 2 недели од Нагорно-Карабах

t

Речиси целото етничко ерменско население побегна од Нагорно-Карабах откако азербејџанската армија ја презеде контролата врз регионот со молскавична акција пред две недели.

Во последниве години, населението на Нагорно-Карабах се проценуваше на околу 145.000 луѓе.

Но, мисијата на Обединетите нации, која го посети Карабах оваа недела за прв пат по околу 30 години, објави дека во регионот останале помалку од 1.000 етнички Ерменци, објави рускиот независен медиум „Медуза“.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан го обвини Азербејџан за „етничко чистење“. Патиштата што водат до главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт, се речиси пусти – главно има возила на азербејџанската полиција и војска – и градот, како што покажуваат бројните фотографии и видеа што се појавија на социјалните мрежи, по егзодусот на локалното население во Ерменија, стана „град на духови“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град на духови: Повеќе од 100.000 луѓе…

Речиси целото етничко ерменско население побегна од…

Нема мир: Едно лице загина на границата…

Едно лице загина, а две други се…

Москва: Ерменците го предаваат оружјето во Нагорно-Карабах

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ерменските…

Путин со коментар за конфликтот во Нагорно-Карабах

Москва прави се` за да се заштитат…