Москва: Ерменците го предаваат оружјето во Нагорно-Карабах
Руското Министерство за одбрана соопшти дека ерменските единици во Нагорно Карабах почнале да го предаваат оружјето по постигнувањето на договорот за прекин на огнот.
Тие од денеска предадоа шест единици оклопни возила, над 800 парчиња мало и противтенковско оружје и околу 5.000 парчиња муниција, се вели во соопштението на руското Министерство.
Руските мировници се уште се грижат за 826 цивили, меѓу кои 440 деца, кои сега немаат можност да се вратат во своите домови.
Како што се посочува во соопштението, организирано е нивно сместување, храна и медицинска помош.
Инаку, вчера беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу азербејџанските вооружени сили и ерменските војници во Нагорно Карабах.
Договорот е постигнат со посредство на рускиот мировен контингент, откако официјален Баку започна антитерористичка операција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Захарова: Француската иницијатива за нуклеарно одвраќање претставува…
Иницијативата за „проширено нуклеарно одвраќање“, што Франција…
САД потврдија дека имаат оружје во вселената
САД потврдија дека распоредиле вселенско оружје во…
Бугарија доби 489,3 милиони евра од ЕУ…
Бугарија денес ја доби првата исплата од…
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…