Објавено на:

Путин со коментар за конфликтот во Нагорно-Карабах

t

Москва прави се` за да се заштитат цивилите во зоната на конфликт, кажа Рускиот претседател.

Руските мировни сили соработуваат со сите страни од конфликтот во Нагорно-Карабах, Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес. Неговата изјава дојде кратко по прекинот на огнот во спорниот регион.

Говорејќи за време на средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, Путин кажа дека руските мировни сили активно работат со сите засегнати страни во конфликтот. Тие прават се` за да ги заштитат цивилите, додаде тој.

Рускиот лидер исто така искажа надеж дека дијалогот во кој е вклучена Москва, Ереван, Баку и лидерите од Нагорно-Карабах ќе резултираат во деескалација на конфликтот и конечен мировен договор.

Путин додаде дека повеќе од 2000 цивили, од кои 1000 деца моментално се сместени во главната база на руските мировници во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВООРУЖЕН НАПАД НА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО…

Вооружени мажи влегле во полициска станица во…

Официјално: Алиев победи на претседателските избори во…

Актуелниот претседател на Азербејџан Илхам Алиев победи…

Со 93.9% од гласовите Алиев е реизбран…

Илхам Алиев беше реизбран за претседател на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…