Град Скопје викендов имаше многу работа: Инспектopите и koмуналните peдари изpeкоа 14 kaзни

t

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје, составени од комунални инспектори и инспектори за животна средина, изминатиов викенд изрекоа казни за палење оган на отворено, како и за недозволено фрлање отпад. Затекнати и санкционирани се лица кои палеле оган на отворено во Шуто Оризари за што се изречени две казни. Во општината Бутел, пак, во близина на последната автобуска станица на линијата број 57, фатено е лице како незаконски фрла отпад, за што истото е казнето.

Изминатиов викенд комуналните редари од Град Скопје изрекоа 11 казни на физички лица за непочитување на законските прописи и фрлале ѓубре на јавна површина во Градскиот парк.

Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД најавуваат нова „црна листа“ за Западен…

Соединетите Американски Држави најавуваат подготовка на нова…

Муцунски во одбрана на политиките на Трамп:…

Издвојувањето на 5 отсто од буџетот за…

Има ли кривична одговорност кај директорката на…

Премиерот Христијан Мицкоски не одговори на прашањето…

Малолетник избоде врсник среде Скопје – расправијата…

Скопје, 27 јуни – Сериозен инцидент го…

Два месеца се анализира телефонот на осомничената…

Релевантни институции и истражители од Обвинителството за…